ВМРО-ДПМНЕ: А запалената модуларна болница и шверцот на Онкологија?
Венко Филипче по еден месец одмор се појави во јавност со интервју и тоа пишано, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Одговорот кој го чека јавноста е дали ова интервју е дадено од:
А. Топлиот Дубаи на концерт на Харис Џиновиќ?
Б. Во авион летајќи со индиската компанија Вистара?
В. Или на пат до Струмица од службениот автомобил даден од компанијата со замрзнат имот Зобек?
Му препорачуваме да поработи на тезите. И да не ги слуша истите подлизурковци кои му беа потрчковци на неговиот струмички гуру и учествуваа во уништувањето на државата и институциите. Филипче смета дека народот има кратко паметење. И дека ако се води од некој прирачник за социјалдемократија ќе успее да ги натера граѓаните наместо на сите грабежи и трагедии што им ги правеа до пред 6 месеци да се восхитуваат од овие шарени лаги што му ги сервираат.
А запалената модуларна болница?
А трговијата и шверцот на лекови во онкологија?
А милионските набавки во здравството партнерски делени со неговиот претходник?
А стотина илјади загубени животи од корона?
Да одговори Филипче дали тоа елита го прави или лакоми, површни, криминогени квазиполитичари кои ја уништуваа државата? - велат од ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа