Внимавајте: Со ова масло не смеете да се сончате

 

Не секогаш се потребни скапи и купечки масла за сончање за да се добие бронзен тен, но не секое масло е здраво да се користи.

Некои од нив во лето се забранети за употреба, предупредуваат дерматолозите.

Иако многумина од нас го користат како замена на другите масла за сончање, важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце. Доколку се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на УВ зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави.

Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

31.05.2022 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега