Во Албанија нов рекорд од 319 новозаразени со Ковид-19, опозицијата обвинува за недостиг на тестови

 

Продолжува високата бројка на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, што потврдува и денешната бројка од 319 новозаразени што е нов негативен рекорд.

 

-Состојбата и понатаму е сериозна. Од направените 1.534 тестови Ковид-19 е дијагностициран кај 319 или 21 отсто од тестираните. Најголем број од новозаразените се од Тирана 141, па од Фиер 38 а се зголемува и бројката на заразени во Подградец, Елбасан и Корча. Апелираме на строго почитување на мерките за заштита, со цел да не мораме повторно да ги заоструваме мерките односно воведување карантин, стои во соопштението на Минстерството за здравство и социјална заштита.

Според Министерството, во последните 24 часа битката со опасниот вирус ја изгубиле три лица или 502 до сега, додека ја добиле 90 или 11.097 од вкупно заразените 20.634.

Негативен рекорд е забележан и кај хоспитализираните лица, кој ја надмина бројката од 300.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега