Во Белград запленети 8,5 килограми кокаин вреден над еден милион евра

Српското Министерство за внатрешни работи пријавило дека во Белград биле уапсени двајца мажи М.П. (37) и М.Б. (55) поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Полицијата го привела М.П. и М.Б. на територијата на Пожега во Србија при примопредавање на 100 грама кокаин, а при претрес на станови и простории користени од нив на повеќе локации во Белград, околу 8,5 килограми кокаин, околу 13.000 евра, 160.000 динари, како и неколку патнички моторни возила.

Од Вишото јавно обвинителство во Белград соопштуваат дека при претреси на повеќе локации во Белград е пронајден кокаин со улична вредност од над еден милион евра, како и поголеми количества маса за зголемување на количината на дрога, пишува Н1 Србија.

19.07.2024 - 22:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега