Во Бугарија од денеска се во сила нови мерки

 

Од денеска во Бугарија стапија во сила новите мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, кои што меѓу другото, се однесуваат на поинаква организација на работата и работа од дома за државната администрација каде што е можно.

Новите мерки предвидуваат работниот ден во државната администрација да започне од 7.30 до 10 часот наутро, како и дека бројот на вработени кои доаѓаат на работа да се намали на 50 проценти, а другата половина, доколку е можно, да работат од дома, известува порталот Новините.

Уредбата потпишана од министерот за здравство значително ќе го намали бројот на луѓето во јавниот превоз.

Исто така, за одредени настани, воведено е правило дека учесниците и посетителите мора да имаат негативен PCR тест или сертификат за вакцинација.

Ова се однесува, се наведува, на конференции, семинари, кампови за обука, изложби, културни и забавни настани, спортски натпревари, базени, бањи и велнес центри.

 

20.08.2021 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега