Во хрватско училиште ученици користеле дрога на час, полицијата ги привела

Учениците од трето одделение на средното градежно-природно-математичкo училиште во Вараждин биле изненадени кога во понеделникот наутро, на вториот час, полицијата пристигнала во нивното училиште и побарала тројца нивни другари.

Тие се осомничени за консумирање дрога за време на часовите, амфетамин. Во официјалниот медиумски извештај, полицијата од Вараждин наведува дека 18-годишник доброволно им предал на полициските службеници проѕирна кеса со бела прашкаста материја налик на амфетамин со тежина од 1,4 грама, една бела гумена материја налик на амфетамин со тежина од 6,7 грама , една дигитална  вага и мобилен телефон.

„Ова е прв пат да ни се случи вакво нешто. Во училиштето почнаа да кружат гласини за тоа, на што ние веднаш одговоривме. Ние сме изненадени. Се надевам дека ова е прв и последен пат да ни се случи вакво нешто, а што ќе биде понатаму со тројцата студенти е прашање на полициска процедура. Се надевам дека ова ќе биде добра лекција за другите“, изјави за Јутарњи лист директорката на училиштето Весна Врчек.

 
13.12.2023 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега