„Во кревет со жена ти“: Пит Дејвидсон му се одмазди на Канје Вест на полош начин
Пит Дејвидсон конечно одговори на нападите на Канје Вест на социјалните мрежи насочени кон него и неговата девојка Ким Кардашијан во размена на текстуални пораки на Инстаграм-профилот на комичарот Дејв Сирус.
28-годишниот Пит, ѕвезда на вечерното шоу Saturday Night Live, кој и прертходно го користеше профилот на Дејв, побара од Канје да ја префрли својата јавна битка на друго место и да се сретне со него лице в лице наместо да споделува валкан веш на интернет.
Пит потоа откри дека тој всушност е во кревет со отуѓената сопруга на Канје, Ким (41), и сподели селфи со палецот нагоре покажувајќи го својот арсенал тетоважи.
„Во кревет сум со жена ти“, напиша Пит. Тој го нарече раперот опасен и му порача да порасне.
„Решив дека повеќе нема да ти дозволам да се однесуваш со нас на овој начин и завршив со молкот. Порасни, по ѓаволите!“
„Ким е буквално најдобрата мајка што сум ја запознал. Она што таа го прави за своите деца е неверојатно, а ти треба да бидеш среќен што таа е мајка на твоите деца“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа