Во Крива Паланка собрани 61 единица крв

На денешната крводарителска акција во Крива Паланка собрани се вкупно 61 единица крв. Ктводарителската акција беше организирана од Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка во соработка со Извидничкиот Одред „Наум Наумовски Борче”. Акцијата беше помогната од екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Дарко Пешовски, секретар на ООН Црвен крст Крива Паланка информира дека на денешната акција спроведена во салата „Партизан“ на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски" се собра 61 единица крв.
-Голем број хумани граѓани денес се вклучија во акцијата, даруваа крв и придонесоа за успешно реализирана трета крводарителска акција за 2023 година. Собрани се 61 крвна единица, а акцијата се спроведе во салата „Партизан“ на основното општинско училиште „Јоаким Крчовски" во периодот од десет до петнаесет часот, рече Пешовски.
Посочи дека уште еднаш со нивната хуманост, граѓаните на Крива Паланка и околината дадоа огромен придонес во мисијата на спасување на животи.
Оваа акција се реализира во пресрет на утрешниот ден на извидниците - 22 февруари.
21.02.2023 - 16:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа