Во Македонија се лекуваат 7 пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти

Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина.
Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.
За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Република Бугарија.
Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица.
08.04.2025 - 13:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа