Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи
ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија.
Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 026).
Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, во соработка со Здружението за машки и родови прашања Стирија од Австрија.
14.05.2024 - 09:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа