Во Скопје вчера казнети 136 возачи

 

Во сообраќајни контроли вчера во Скопје извршени од Секторот за внатрешни работи Скопје биле казнети 136 возачи.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 17 од нив се санкционирани поради возење со брзина поголема од дозволената, шест поради немање  возачка дозвола, седум за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас...

МВР укажува дека сообраќајните контроли  ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

12.01.2024 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега