Во супермаркет во Австралија во салата пронајдена змија

 

Алекс Вајт помислил дека видел голем црв во пластична кеса во кој имало салата што ја купил во супермаркет, но се шокирал кога видел јазик на змија.

“Бев преплашен кога видов како јазикот оди кон мене а потоа сфатив дека станува збор за змија, бидејќи црвите немаат јазик. Бев во голема паника”, изјави Вајт, пренесуваат медиумите во таа земја.

Станува збор за отровна змија-блог, за која се смета дека во пакетот со зелена салата го „поминала“ патот од фабриката Тувумба до Сиднеј, долг 870 километри.

Кога ја виделе змијата како се обидува да избега, Вајт и неговата партнерка Амелија Нит ја покриле со амбалажа.

Вајт ја повикал организацијата за спасување и дошол експерт и ја однел змијата.

Пред да пристигне експертот за змии, Вирс го предупредила Вајт дека доколку змијата го касне, поради опасниот отров тој ќе мора итно да стаса до болница во спротивно неговиот живот ќе биде во животна опасност.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега