Во викендичката на „Веља Невоља“ се најдени бункери полни со оружје, таму ги убивале жртвите

 

Српската полиција повторно ја опколи викендичката во Ритопек за која се верува дека му служела на тимот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ за тортура и брутални убиства.

Тамошните медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации јавуваат дека пронајдени биле скриени подземни простории со оружје и експлозив.

Беливук, попознат како Веља Невоља, пред неколку години со својот тим ја презеде власта на југот на Партизан. Многу други навивачи на Партизан тогаш ја напуштија јужната трибина затоа што мислеа дека Беливук ги користи „Гробарите“ само како параван за криминални работи. Екипата на Веља Невоља е осомничена за убиство, киднапирање и трговија со дрога. Тие се поврзани со бројни исчезнувања во Србија во последните неколку години.

Околу куќата има припадници на полицијата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2021 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега