Водачот на „Барон“ јавно ѝ се заблагодари на Сиљановска Давкова: Се гордеам што токму Вие сте нашата прва дама

 

„Почитувана. Бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму Вие сте нашата прва дама на Републиката!.“ 

Ваква порака е објавена на социјалната мрежа Инстаграм на профил „jusufaqif“, име кое се совпаѓа со прекарот на Акиф Равманоски, кој е еден од лицата на списокот за помилување, потпишан од претседателката на државата, Гордана Сиљановска, Давкова. За Равманоски е познато дека е неформален водач на нарко групата „Барон“.

Давкова во прва изјава за медиумите по помилувањата кажа дека имало интересни ликови на списокот во негативна смисла, но дека таа не ги знаела и дека го почитувала мислењето на Комисијата за помилување.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата, рече Силјановска Давкова, во изјава за ТВ21.

За братот на Шенки Версаче, Шенол Маслани вели дека бил казнет за тепачка на само шест месеци затвор. Претседателката на државата сепак вели дека ќе ја почитува одлуката на Комисијата.

-Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.

23.10.2024 - 19:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега