Воз излета од шините во Колорадо, го сруши мостот, па падна на патот: Загина возач на камионот

 

Возач на камион загина кога воз излета од шините и урна мост, истури јаглен и оштети шински вагони преку автопат во близина на Пуебло, Колорадо, соопштија тамошните власти.3

Портпаролката на канцеларијата на шерифот на округот Пуебло, Гејл Перез изјави дека немало други возила вклучени во инцидентот на локација 183 километри јужно од Денвер, пренесе АП.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска требаше да го посети Пуебло или „CS Wind“, најголемата фабрика во светот за производство на ветерни кули, но само неколку часа пред поаѓањето, тој го одложи патувањето за да остане во Вашингтон и да се фокусира на конфликтот во средниот Исток.

16.10.2023 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега