Вознемирувачка глетка: Поради климатските промени, лососите "живи се варат" во река, изложени на екстремни температури

 

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација "Колумбија Риверкипер" прикажува група лососи како пливаат во речна притока, прекриени со црвени лезии и бели габи, како резултат на стрес и изложеност на екстремни температури, пишува "Guardian".

Лосос во реката Колумбија се "сварил речиси жив" кога температурите на водите пораснале во текот на рекордниот бран горештини на северозападот на Тихиот океан, група активисти за заштита на животни забележала вознемирувачка глетка.

Видеото кое во вторникот го објавила непрофитната организација "Колумбија Риверкипер" прикажува група лососи како пливаат во речна притока, прекриени со црвени лезии и бели габи, како резултат на стрес и изложеност на екстремни температури, пишува "Guardian".

На денот на снимањето на видеото, реката достигнала температура од 21 степен Целзиусов, што е смртоносно за овие риби ако се подолго изложени на неа. Законот за чиста вода забранува температурите во реките да пораснат над 20 степени.

Оваа сцена е уште еден пример за трагичните смртни случаи предизвикани од горештините. Тие веќе убиле стотици луѓе ширум пацифичкиот северозапад и Канада, веројатно предизвикувајќи смрт на илјадници морски животни и предизвикувајќи пожари ширум регионот.

Но, ова не се случило само поради топлотниот бран, туку ситуациите во реките ги влошиле и бројните брани кои со децении го забавуваат протокот на водата, кревајќи ја нејзината температура.

Десетина илјади лососи и натаму живеат во реките Колумбија и Снејк, а бидејќи реките дополнително ќе се загреат во наредните два месеци, би можело да се случи да угинат многу риби. Со оглед на тоа дека лососот во реката Снејк веќе се смета за загрозен, губење на само мал дел од неговата популација би можел да има страшни последици.

29.07.2021 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега