(Вознемирувачко видео) Црна Гора: Автомобил излета во река, тројца малолетници загинаа

Автомобилот кој синоќа слета во реката Ибар на патот Рожае-Бач е извлечен од реката, а при оваа страшна сообраќајна несреќа загинале тројца малолетници А.М., С.М. и И.Д., додека лекарите се борат за животот на Ф.Д..

На Фејсбук страницата на „Радио Телевизија Рожае“ е објавено видео од местото на несреќата, откако автомобилот бил извлечен од реката.

Трагедијата се случила на место каде што автопатот не е обложен со банкина и е познато по слични несреќи со смртни последици.

Екипата на противпожарната служба ги извлекувала телата на загинатите тинејџери и повредениот млад човек од згмечениот автомобил.

Денеска и утре во градот е прогласен ден на жалост, по повод смртта на тројцата млади луѓе.

„Срцата на сите граѓани на Рожае денес чукаат како едно. Ја споделуваме огромната болка и длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите млади луѓе. Нашата заедница се соочи со огромна загуба“, напиша градоначалникот Рахман Хусовиќ, пренесува Вијести.

Страотната сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 22:30 часот. Автомобилот во кој во тој момент имало четворица малолетници паднал во реката Ибар, а во тој момент настрадале три млади момчиња.

Четвртиот млад човек кој е тешко повреден е пренесен во болница.

 

18.02.2023 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега