Вреди: ДУИ сака да ја сокрие вистината за Кочани - ние нема да дозволиме

 

ДУИ, по 22 години владеење и уништување на правосудниот систем, денес се обидува да глуми жртва, барајќи истрага само за трагедијата во Кочани.
Но, граѓаните не забораваат: Кој го создаде овој расипан систем? Кој ги штитеше криминалците? Кој ги претвори судовите и обвинителството во приватни партиски канцеларии?
ВЛЕН нема да дозволи вистината да се манипулира! Бараме анкетна комисија за сите трагедии од изминатите години – од Ласкарци, модуларната болница, Беса Транс, па сè до Кочани. Нема да дозволиме ДУИ да одлучува кои жртви заслужуваат правда, а кои треба да се заборават!
Доста со манипулации! Граѓаните знаат кој го создаде овој корумпиран систем и кој со години ја покриваше неправдата. ВЛЕН ќе продолжи да се бори за вистинска правда, а не за политички фарси на партија што веќе е минато!, стои во партиското соопштение на Вреди испратено до медиумите.

28.03.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега