Вреди: ДУИ владееше 20 години - Албанците не добија ништо со тоа

Ниту еден крупен инфраструктурен проект не беше изграден, ниту еден километар автопат кон Гостивар, Кичево, Струга, Блаце или Ќафасан. Албанците добиваа само цвеќиња, ленти и фотографии на Фејсбук со ликот на Артан и Бујар, реагираат утрово од Вреди.
Патишта се градеа секаде освен таму каде што живеат Албанците. Додека државата градеше кон Криви Паланка, Штип, Кочани, Радовиш, Струмица и Гевгелија, ДУИ не се интересираше за градба на патишта во западниот дел на државата.
Автопатот Скопје–Блаце беше ветуван повеќе од 20 години, а за тоа време беа неколку пати „промовирани“ два незавршени километри. Експерти за реклама и за маркетинг, никако за работа. ДУИ стана позната по церемонии без реални резултати, ленти без асфалт, ветувања без бетон.
Денес реалноста е поинаква, благодарение на ВЛЕН. Градежна офанзива гледаме секаде низ западните региони. Од Тетово, преку Гостивар, до Кичево и Струга, булдожери, камиони и асфалтни бази сведочат дека конечно се гради и таму.
Тивко, посветено, одлучно. ВЛЕН работи без помпа, но резултатите се видливи секој ден: нови траси, реконструирани делници и проекти во корист на сите граѓани.
Покрај патиштата, вложуваме преку 300 милиони во локална економија, инфраструктура, образование и зелена транзиција, затоа што развојот мора да стигне до секое село и град.
Граѓаните не забораваат. Тие гледаат кој гради, а кој позира. Срамот е на ДУИ, работата е на ВЛЕН. Додека ДУИ продолжува со празни зборови, ВЛЕН ќе продолжи со конкретни дела, затоа што фотографиите не градат патишта, туку инженери, работници и вистински проекти, стои во реакцијата на Вреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа