„Вреди“: Коцевски ја уништи довербата на граѓаните во правдата, мора веднаш да биде разрешен

 

Според коалицијата „Вреди“, Лубчо Коцевски, чие име се поврзува со злоупотреба и прекршување на службената должност и лошо раководење на Јавното обвинителство отиде уште подалеку со тоа што не ја одржуваше доверливоста на постапката и им помагаше на криминалците да ја избегнат заслужената казна и го наруши угледот на институцијата и личниот интегритет на обвинителот.

Коцевски, како што оценуваат во коалицијата, е една од клучните фигури одговорни за падот на довербата на граѓаните во правдата и владеењето на правото. 

„Тој заедно со Ислам Абази ги ослободи обвинетите за настаните од 27 април и многу други скандали. За време на неговиот мандат неколку пати протекоа информации од Обвинителството, нешто што никогаш не треба да се случи. Врз основа на овие прекршувања направени од страна на главниот обвинител, коалицијата „Вреди“ е посветена на длабоки реформи во судството и целосно го поддржува разрешувањето на главниот обвинител Љубчо Коцевски.

Оваа иницијатива е неопходна за враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем и се заснова на:

– Барањата на меѓународните партнери за транспарентност и законитост.

– Кризата на доверба во правдата, која достигна алармантни нивоа.

– Повторените законски прекршувања од страна на главниот обвинител Коцевски дополнително ја нарушуваат довербата во судскиот систем“.

Тој, како што потенцираат, го загуби легитимитетот и кредибилитетот и мора веднаш да си замине.

Најавуваат дека предлогот за разрешување ќе биде доставен до обвинителскиот совет и Собранието на Република Северна Македонија за понатамошна постапка. 

„Коалицијата „Вреди“ останува посветена да се погрижи, именувањето на новиот главен обвинител да се заснова на јасни професионални критериуми. Ќе продолжиме внимателно да го следиме овој процес и да се погрижиме тој да се развива во согласност со интересите на граѓаните и принципите на правна држава“, нагласуваат од коалицијата.

 
27.02.2025 - 11:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега