Времето денес и утре сончево, во среда и четврток заладување
Времето денес е сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Утре, ќе се задржи стабилно и релативно топло време. В среда времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. В четврток ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (наместа и над 70 км/час), а дневната температура значително ќе се намали. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа