Времето денеска: Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

 

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во следните денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

31.05.2023 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега