Времето денеска: Променливо облачно, попладне со сончеви периоди

 

 

Во утринските часови во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд.

Во текот на денот ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени, јавува УХМР.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Од денес ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Во петок и сабота ќе дува засилен југоисточен ветер, кој ќе предизвика значителен пораст на температурата. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд.

18.10.2023 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега