Времето денеска: Променливо облачно со локален пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа