Времето денеска: Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа