Времето денеска: Сончево со слаб ветер

 

 

Денеска времето во текот на утрото ќе биде посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во четврток ќе има преодно дестабилизирање на времето и локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

09.08.2023 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега