Времето денеска: Сончево, со температури до 14 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на работнава седмица и за време на викендот ќе се задржи стабилно и потопло време со повеќе сончеви периоди.
15.02.2023 - 09:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа