Времето денеска: Сончево со умерена облачност

 

 

Во најголем дел од земјава времето ќе биде сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Од среда ќе продолжи стабилно време со студени утра, а релативно топло преку денот.

10.10.2023 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега