Врската на Бред Пит и Инес сè посериозна
Бред Пит е во сериозна врска со новата девојка Инес де Рамон – дури и ja запознал со некои од своите шест деца – и не му е гајле што мисли за тоа поранешната сопруга Анџелина Џоли, дознава „Дејли мејл“.
Бред (59) е голема поддршка за Инес (29) додека таа се обидува да се разведе од поранешниот сопруг Пол Весли – и не го засега каков е ставот на Анџелина за неговата нова романса.
Холивудскиот актер – кој сè уште е заплеткан во сопствениот развод и седумгодишната битка за старателство – почна да излегува со Инес во ноември и, според извор близок до ѕвездата, парот многу се зближил во изминатите три месеци.
Во ексклузивен разговор за „Дејли мејл“ инсајдер откри дека Бред веќе ја запознал Инес со повеќето од своите шест деца што ги има со Анџелина, притоа објаснувајќи како тој и неговата нова девојка си биле извор на поддршка еден на друг во време кога се соочуваат со проблеми поврзани со разводот.
Поранешниот сопруг на Инес, ѕвездата на The Vampire Diaries, Пол Весли (40), официјално поднесе барање за развод на 17 февруари – пет месеци откако нивната разделба беше потврдена од портпаролот. „Одлуката за разделба е заедничка и се случи пред пет месеци. Тие бараат приватност во овој момент“, изјави претставникот во една пригода.
Инес и Пол немаат деца, па веројатно е дека нивниот развод ќе се покаже како помалку комплициран од оној на Бред, кој вклучува долга и многу горчлива битка за старателство врз децата, која допрва треба да се реши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа