Вучиќ и Путин ги обновија контактите: Србија ќе продолжи да купува руски гас по поволни цени
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал „отворен, долг и содржаен“ телефонски разговор со својот руски колега Владимир Путин, со кого не се слушнале речиси две и пол години.
Вучиќ му се заблагодарил на Путин поради тоа што Русија и оваа сезона обезбедила гас за Србија по поволни цени.
Путин испратил честитки по повод 80-годишнината од ослободувањето на Белград, а Вучиќ се заблагодарил на единиците на советската Црвена армија, кои учествувале заедно со српските во ослободувањето на главниот град за време на Втората светска војна.
– Посебно му се заблагодарив на претседателот Путин за сѐ што направи за да има Србија и оваа зима доволно количество гас, по многу поволни цени – порача српскиот претседател на своите профили на социјалните платформи.
Вучиќ истакна дека „изразил надеж“ дека Србија нема да ѝ воведува санкции на Руската Федерација и изразил благодарност на поддршката од Русија во Обединетите нации за интегритетот и територијалниот суверенитет на Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа