Вучиќ: Разговорите во Германија беа тешки, се плашам од тоа што следи
Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше средба со германската министерка Аналена Бербок и кажа дека разговорите воопшто не биле лесни, но задоволен е од интересот да разговараат.
„Нашата позиција е тешка и комплицирана, а изјавите на Путин се дополнително комплицирани. За тоа ќе зборувам утре, но се плашам од сè што следи“, кажа Вучиќ.
Вучиќ рече дека со Бурбок разговарал за европската перспектива на Србија, кризата во Украина и ситуацијата во Косово и дека има делови од разговорот кои не биле лесни.
05.05.2022 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа