Вучиќ: Србија ќе гради фабрика за вакцини на Синофарм

 

Во Србија ќе никне фабрика за вакцината на „Синофарм“ во соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Кина, соопшти претседателот Александар Вучиќ.

– Од 15 октомври ќе имаме голема количина вакцини за нас и за целиот регион. Ние ќе мора и по цена на чинење да му дадеме и на регионот,рече Вучиќ.

Појаснува дека во следните две недели ќе биде потпишан и официјален договор со компанијата.

-Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за Синофарм вакцини, која ќе ја градиме заедно со Обединетите Арапски Емиреати и со Кинезите во Србија – објаснил претседателот Вучиќ и укажал дека покрај направениот ходограм со надлежниот руски министер за производство на руската вакцина во рамките на Торлак, договорено е фабриката за вакцината на Синофарм да биде изградена и да почне со производство од 15 октомври.

Вели дека дотогаш Србија ќе има големи количини и за себе, но и за регионот.

е мораме па макар и по цена на чинење да дадеме вакцини и на регионот, бидејќи сите наши луѓе кои ќе ги излечиме или превентивно да делуваме нема да вреди ако во регионот има проблем , рече Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2021 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега