Вучиќ за штрајкот со глад на опозицијата: Ништо нема да постигнат

Коментирајќи го штрајкот со глад на опозицијата, српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека „слободно можат да престанат и да се вратат на своите должности – можат да организираат протести секој ден“.

Тој во своето обраќање посочи дека штрајкуваат со глад и приврзаниците на власта, „борејќи се против изборните кражби од оние од опозицијата, но никој не сакал да објави“.

Вучиќ потсети на случајот кога Томислав Николиќ штрајкуваше со глад во 2011 година, изјавувајќи дека „не постигнал ништо со тоа, само си го загрозил здравјето“.

„Убаво нека се вратат на обврските. Тие можат да организираат протести секој ден. Секојдневно имаме протести пред Претседателството“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за изјавата на Драган Ѓилас дека „Ана Брнабиќ е комбинација од Сима Спасиќ, Воислав Шешељ и Јована Јеремиќ“, Вучиќ рече дека сите тројца се многу почесни од Драган Ѓилас.

„Мислам дека поважно и е на Брнабиќ што мислат граѓаните на Србија за неа. Јас за неа мислам се’ најдобро. Мислам дека израсна во голем борец“, рече Вучиќ и додаде дека се борела многу повеќе од потенцијалните кандидати за премиер.

24.12.2023 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега