Вујовиќ задоволен: Дадовме 35 гола со десет различни играчи - тоа е доказ за нашата сила во нападот

Голема победа за Вардар во денешниот натпревар од Лигата на шампионите против Мешков Брест. Тренерот Веселин Вујовиќ е задоволен од резултатот 35-28.

-Десет различни играчи постинаа голови, тоа е најдобар доказ за нашата сила во нападот. Покажува дека имавме баш шутерски ден, но да бидам искрен постихнати 35 гола, реално, не се одлика на нашиот стил на игра. Јас се плашев од овој натпревар, бидејќи знам каква екипа е Мешков Брест. Од голема помош на почетокот ни беа одбраните на Томовски, атмосферата на трибините и тоа ни помогна да стинеме до удобна предност.  Кога Мешков Брест почна со зоната 5-1 во одбрана во вториот дел, не сакав да играм со браќата Њокас бидејќи уште не се воиграни како што треба, па ете измислив решение некако со Дибиров на среден бек. Морам да потенцирам дека тие имаат многу повредени играчи, ние ја искористивме таа ситуација, им посакувам се најдобро во иднина, изјави Веселин Вујовиќ.

22.09.2021 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа