За еден час во Турција регистрирани 5 земјотреси
Дури пет земјотреси се регистрирани утрово во Турција, за само еден час.
Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а потоа следеле серија послаби земјотреси, од кои најслабиот бил со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.
Да потсетиме, оваа земја беше погодена од два разорни земјотреси на 6 февруари, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во Турција и соседна Сирија.
Повеќе од десетици илјади згради беа срамнети со земја, а сега е во тек уривањето на тешко оштетените објекти.
По разорните земјотреси Турција беше погодена од повеќе од 7.000 последователни потреси, пренесе Телеграф.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа