За Лила, летото не е завршено - водителката ужива во прекрасниот Бодрум
Иако полека се приближуваме кон средината на месец септември и скоро сите се вратени на работните места, водителката Лила Стојановска не сака да верува дека летото е завршено. Па затоа пред неколку денови, си ги спакува куферите и замина во прекрасниот Бодрум, Турција, за уште малку да ги наполни батериите пред да започне со новите работни предизвици.
Моменти од своето патување постојано споделува на социјалната мрежа „Инстаграм“, па не е тешко да констатираме дека водителката навистина ужива. „Не е битно каде одиш во животот,се дури патот те води кон плажа“, напиша водителката Стојановска во описот на нејзината фотографија, на која држи коктел и позира во опуштено издание.
View this post on Instagram
Утрово исто така реши да се дотера и да се почести со прекрасен појадок. Лила си касна палачинка со крем, „кроасан“, но секако и уживаше во шолја кафе. Епа Лила, нека ти е наздравје.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа