За силен имунитет и здрава кожа, коса и нокти: 5 најздрави сезонски намирници кои треба секојдневно да ги внесувате

 

Во текот на есента, на нашето тело му се потребни витамини за одржување на имунитетот и на здравјето на кожата, косата и ноктите.

Во текот на летниот период е далеку полесно консумирањето сезонски производи богати со неопходните витамини, додека во постудениот период од годината, таа мисија е покомплицирана. 

Во продолжение, ви ги откриваме 5-те најкорисни сезонски намирници кои треба секојдневно да се наоѓаат на вашето мени:

Цвекло

Со цвеклото веројатно сте се запознале уште во детството, кога со презир сте го гледале без разлика дали е во чорба или салата. Меѓутоа, сега веројатно ќе го обожувате бидејќи цвеклото содржи витамини Ц, Б, ПП и Е, како и голема количина на железо, магнезиум, фосфор и други елементи во траги. Цвеклото можете да го скиселите, да го испржите, да го додадете во салати или да го консумирате во облик на цеден сок.

Брусница

Многу луѓе ја обожуваат брусницата токму поради киселиот вкус, но малкумина знаат дека оваа бобинка може да се одржува свежа подолго од една година – ако ја ставите во вода во затворен сад. Од неа можете да правите и овошни напивки, да правите сосови за јадења и слично.

Тиква

Сигурно знаете дека тиквата е здрав сезонски зеленчук. Тиквата може да се пече или да се јаде свежа, да се додава во салата, да се исечка во блендер за крем-супа или од неа може да се направи вкусна пита. Тиквата се бори против едеми и го отстранува вишокот течности од телото, а добра е и за црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт.

Калинка

Калинката е можеби најкорисниот сезонски плод. Таа содржи голема количина на витамин Ц, фолна киселина и антиоксиданси, што е особено важно во студената сезона. Од неа може да се добијат витамински сокови, а семките од калинка може да се додадат во салати или да се јадат свежи.

Цитруси

Доцната есен и зима се период на созревање на цитрусите – тоа се портокалите, мандарините и секако, грејпфрутот. Сите тие содржат огромна количина витамин Ц кој нѝ помага да не се разболиме во текот на студениот период, па зимата не можеме да си ја замислиме без цитруси. Тие можат да се јадат свежи, да се исцедат или да се додадат во салати за необичен вкус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега