За тие што планираат одмор во Грција - грчка мутација на корона вирусот ги загрижува грчките епидемиолози

 

Грчките медиуми, објавија дека се појави нова мутацијата Β 1.1.318 (Variant E484K), која е слична на нигерискиот сој на Ковид 19. Овој сој тие го нарекуваат „атинска“ и пренесувајќи изјави на епидемиолози и професори, пишуваат дека оваа варијанта побрзо и полесно се шири. Варијанта на веќе постоечка мутација, што се појавила во центарот на Атина, претежно кај мигранти предизвикува голема загриженост кај експертите.

Претседателката на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, за конкретната тема, на синоќешната прес конференција рече дека „не може да се каже дека не постои загриженост за било која варијанта што се појавува“, но додаде дека постојат системи за строг надзор и регистрација што го следат развојот.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција за мутациите во земјата, до четвртокот од конкретниот сој Β 1.1.318 биле потврдени 829 случаи, што претставува 9,24 отсто од вкупниот број мутации во земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега