За витамин Ф ретко кој знае, но може да ви помогне за многу работи
Витаминот Ф, кој е составен дел од растителни масла, е неопходен за правилен раст и развој на организмот
Овој витамин се состои од есенцијални полинезаситени масни киселини: лион, линолеична и арахидонска киселина.
Витаминот Ф влијае на оксидативните процеси на метаболизмот, согорува заситени масти и помага да се изгубат вишокот килограми.
Исто така, овој витамин спречува таложење на холестерол, а кај дијабетичарите го намалува ризикот од кардиоваскуларни нарушувања и спречува болести на окото.
Докажано е дека витаминот Ф ја ублажува болката во менструалниот циклус, а се користи и во терапија со стерилитет.
Витамин Ф се наоѓа во растителни масла, а најмногу го има во маслата од соја, пченка, кикирики и ленено семе. Исто така, оревите, бадемите, сончогледот и авокадото го содржат овој витамин.
Препорачаната доза на витамин Ф е до 20 грама, што би значело приближно две лажици масло на ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа