Зачин кој делува на кожата на лицето како ботокс: Ја спречува појавата на брчки, ги намалува воспаленијата и ги отстранува акните

 

Младешкиот изглед е нешто кон кое многу жени тежнеат, а за постигнување на истиот не ви се потребни скапи третмани – совршени резултати можете да добиете и во домашни услови.

Бројни истражувања покажуваат дека куркумата е многу моќен сојузник на затегнатото лице. Од овој зачин можете да направите квалитетна домашна маска за само неколку минути. Еве и како:

Потребни состојки:

- половина лажичка куркума

- 1 лажица јогурт

- половина лажичка кокосово масло (може и маслиново, арганово...)

Начин на подготовка:

Помешајте ги сите состојки во еден сад и нанесете на чисто лице. Оставете маската да отстои 20-30 минути и потоа измијте со топла вода.

На кој начин делува куркумата на кожата?

Куркумата е ценет зачин и нејзината примена не е ограничена само на подготовка на храна. Таа изобилува со антиоксиданти и антибактериски својства поради што е одлична за кожата. Куркумата ги отстранува акните и ѝ ја враќа еластичноста на кожата.

Д-р Ширази, дерматолог, вели дека куркуминот кој се наоѓа во овој зачин е одговорен за регулирање на воспалителните процеси на кожата.

„Поради тоа што куркуминот е богат со антиоксиданти и антивоспалителни компоненти, куркумата се покажа како корисна во лекување на различни состојби на кожата како егзема, псоријаза и витилиго. Исто така се користи и за отстранување на флеки“, вели дерматологот Тања Кормејли.

Од сите предности кои куркумата ги има за убавината, д-р Вилијамс вели дека можеби најинтересната е тоа што „има потенцијална способност да помогне во подмладување на кожата“, укажувајќи на резултатите од една студија од 2014 година која утврдила дека овој зачин може да ги намали металопротеиназите (ММП) и реактивните видови на кислород, кои играат голема улога во губење на младешкиот изглед.

Исто така, друга студија од 2019 година покажала дека екстрактот од куркума помага во спречување на брчките, промена на бојата на кожата и губење на нејзината еластичност.

29.12.2021 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега