Зачин кој речиси секојдневно го користиме во кујната, а ќе ви помогне да се ослободите од здодевната кашлица
Биберот вообичаено го користиме како зачин, но тој делува и противвоспалително, антиоксидантско и антиканцерогено, меѓутоа помага и при многу други проблеми.
Биберот е растение кое се одгледува поради своите плодови кои вообичаено се сушат и се користат како зачин. Кога ќе се исуши, плодот е познат како бибер, а кога е свеж и во зрно, плодот е широк 5 милиметри во пречник има темно-црвена боја и содржи едно семе.
Биберот е со потекло од јужна Индија и интензивно се одгледува таму, но и на други места во тропските региони.
Сушениот мелен бибер се користи одамна поради својот специфичен вкус и како природен лек во традиционалната медицина. Тоа е еден од најчестите зачини кои се додаваат во јадењата ширум светот.
Пикантноста на биберот е поради хемиската состојка пиперин.
Биберот како лек делува антифламаторно (противвоспалително), антиоксидантско и антиканцерогено
Истражувањата покажале дека плодовите и семките од биберот успешно можат да се користат за лекување на диспепсија (лош дигестивен систем), дијареја, колера, уринарни проблеми, чирови, ревматизам, забоболка и главоболка.
Биберот се користи и за да ја стабилизира матката кај жените по породување и како лек е голем извор на витамин Ц, витамин К и манган.
Биберот е одличен лек и против кашлица
Со чај од мед и бибер може да се ослободите од здодевната кашлица и конечно да почнете да дишете.
Потребни состојки:
- 1 лажица свежо мелен бибер;
- 1 лажица мед;
- 2 децилитри вода.
Подготовка:
Биберот и медот ставете ги во шолја, а потоа прелијте ги со топла вода, добро измешајте медот да се растопи и оставете да отстои околу 10 минути. По 10 минути уште еднаш помешајте, па испијте ја течноста.
Пијте по две шолји од овој чај дневно и набрзо ќе почувствувате олеснување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа