Заев: И следниот премиер ќе биде од СДСМ, ДУИ останува заедно со ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го оцени денеска како национал-популистички концептот на коалициските партнери од ДУИ за прв премиер Албанец во Северна Македонија, при што изрази увереност дека тој ќе се врати на чело на Владата, нагласувајќи дека неговата партија е промотор на концептот „едно општество за сите“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали би го прифатил ултиматумот од ДУИ доколку новата влада не може да се формира без оваа партија, Заев рече дека СДСМ не би прифатила такви ултиматуми, а тоа не треба да го прави ниту ВМРО-ДПМНЕ.

„Секогаш имало преговори меѓу партиите, но не треба да има ултиматуми. СДСМ првпат изнедри мултиетничка колација во државата и ние сме основоположници на концептот ‘едно општество за сите’. СДСМ е растоварен од предрасуди по која била основа. Ние имаме функционери од сите етнички заедници во земјава. Граѓаните треба да ги гледаме како кадарни, искрени, чесни…а не како припадници на одредени заедници. Затоа би ја посоветувал ДУИ да поработи на тоа да добие и македонски, бошњачки, турски гласови… И ВМРО-ДПМНЕ може да се потруди да добие албански гласови. Но ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе останат заедно во опозиција. Со ваков наратив, ДУИ си помага да замине во опозиција, што ќе биде здраво за реформирање на партијата, изјави Заев на денешната прес-конференција.

За ВМРО-ДПМНЕ тој рече дека е партија со централа во Будимпешта и со бел дворец во Скопје, нагласувајќи дека граѓаните се пред избор меѓу мачното минато и иднина дома. Заев нагласи дека во наредните четири години, владата што планира да ја фомира по изборите, ќе биде фокусирана на домашен терен, со оглед на тоа што во овој мандат обеазбеди членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега