Заев на видео средби со првите луѓе на ОБСЕ/ОДИХР: Набљудувачката мисија ги има сите соодветни услови за набљудување на изборниот процес

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имал одвоени видео средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија Клеменс Која и со шефицата на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори, Лаима Андрикиене.

Како што соопшти партијата, во разговорите Заев потврдил дека мисијата на ОБСДЕ/ОДИХР има соодветни услови за целосно набљудување на избирниот процес. Истовремено, се дискутирале стандардите за одвивањето на изборната кампања и изборниот ден, а кои се однесуваат на заштита од коронавирусот, при што било нагласено дека ќе се преземат сите неопходни мерки за безбедна кампања и безбеден изборен ден за да се овозможи граѓаните сосема безбедно и сигурно и без никакви ризици да го остварат своето гласачко право.

-Претседателот Заев соопшти дека СДСМ и владата ги напрвија сите услови за еднаква изборна борба на сите политички чинители и на тој начин ја потврдија зрелоста на државата, после долго време да организира беспрекорни фер, демократски и слободни избори. Од страна на претседателот Заев беше побарано ОБСЕ/ОДИХР  да ја надглеуваат работата на сите институции вклучени во изборниот процес, со цел сите да бидат на висина на својата задача, соопштуваат од СДСМ.

Заев го повторил ставот дека СДСМ и Коалицијата „Можеме“ ќе водат фер и позитивна кампања, насочена на промоција на клучните столбови на програмата како што е заштитата на здравјето на граѓаните, создавање нова развојна македонска економија, градење правна и праведна европска држава, членка на НАТО и преговарач со ЕУ, при тоа афиримирајќи го концептот едно општество како една од врвните вредности

На крајот, претседателот Заев заклучил дека ова се многу важни избори за враќање на легитимнии фукцнионални институции, како и за продолжување на државата по правиот пат по кој оди во изминтаите три години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега