Заев: Нема причини за нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Вонредната сосотојба досега се носеше заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата не гледа потреба да носи 4ти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за весникот Вечер.

- Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба.Нема ни основ да ја оправда.Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и Уставно пропишано, а тоа е 22 по завршување на вонредната состојба, односно на 5ти јули- изјавил Заев за „Вечер“.

Вонредната сосотојба, потенцира претседателот на СДСМ, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од корона вирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега