Заев се сретнал со Ахмети, Села, Тачи и Гаши

Од СДСМ  потврдуваат дека претседателот на партијата, Зоран Заев, веќе се сретнал со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Зела и со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. 

„Како што соопшти претседателот Заев, веќе течат разговори, врз основа на принципи, со претседатели на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во Парламентот и формирање посветена Влада, која ќе се движи брзо напред по европскиот пат и патот на економијата и на правдата. 

Претседателот Заев веќе оствари средби со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, со претседателот на АА, Зијадин Зела и со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Во тек се консултации од различен формат, доколку има некаков прогрес во разговорите ке ја информираме јавноста“, соопштуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега