Загина пилотот во авионот за обука што се урна во Грција

Авион за обука на грчкото воено воздухопловство се урна во близина на аеродромот во градот Каламата на Пелопонез. Пилотот загинал, пишува „Катемерини“. Според некои информации, експлозијата одекнала пред да се урне авионот, пренесува „Катимерини“.

По падот на тренинг-авионот „Т-2“, почната е операција за пребарување и спасување.

Според локален претставник, авионот се урнал за време на полетувањето.

Полицијата, пожарникарите и војската се на терен.

27.12.2023 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега