Загинал додека го снимал другарот како вози брзо за на социјалнлните мрежи

Во тешка сообраќајна несреќа во вторникот вечерта на улицата Новопазарска во Сјеница, загина Емир Р., а К.Б. бил тешко повреден.

Имено, Емир Р. излегол од автомобилот за да го сними својот пријател К.Б., кој сакал со голема брзина да помине покрај Емир, за да направи видео за социјалните мрежи.

К.Б со голема брзина изгубил контрола над возилото, удрил во Емир кој набрзо по несреќата ја загубил битката за живот. Автомобилот се превртел на покривот и завршил на околу 100 метри од патот, пишува Санџак Данас.

16.11.2023 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега