Захариева тврди: Заплашуваат Бугари – во 21 век не го признаваат правото на самоопределување

Шефицата на бугарската дипломатија тврди дека во Македонија на Бугарите не им се признава правото на самоопределување.

-Недопустливо е во 21 век некој да не го признава правото на самоопределување, изјави  таа денеска за БНТ.

Предизборно одговараше на политички прашања на новинарот кој сподели анкета од гледачите на која од 25 дури 24 луѓе рекле дека спорот со Македонија нема да се реши. Захариева рече дека Бугарија има доследна политика и побара правда за Бугарите во Македонија.

„Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 – сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување, рече Захариева.

На прашањето за бугарските државјани рече дека тие 100.000 луѓе во Македонија често се заплашувани.

„Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување, рече Захариева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега