Захарова: Највите за прекин на конфликтот со Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори
Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека изјавите на Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина мора да бидат проследени со конкретни чекори.
Според неа, Трамп разбрал дека САД треба да ги решат своите внатрешни проблеми, пренесе РИА Новости.
Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, рече дека планира да не започнува војни, туку да ги прекине.
Републиканскиот кандидат Доналд Трамп моментално води против кандидатот на Демократската партија Камала Харис на претседателските избори во САД, а според последните проекции на АП, Трамп освоил 267 електорски гласови, додека Харис собрал 224.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа