Законот за нефер трговски практики денеска пред пратениците - ќе се стави ли ред на поскапувањето?

Законот за нефер трговски практики денеска пред пратениците - ќе се стави ли ред на поскапувањето?

Предлог-законот за нефер трговски практики денеска ќе се најде пред пратениците на пленарна седница која ќе започне во 11 часот.

Законот, според најавите од надлежните, треба да воведе ред на поскапувањето на цените во маркетите, откако на 1 март завршија мерките за гарантирана цена.

За предлог-законот, според досегашните најави, согласни се и власта и опозицијата, така што не се очекува законот да биде блокиран од страна на опозициските пратеници. 

Откако Законот ќе стапи во сила, Министерството за економија ќе усвои листа на повеќе од 2.000 производи за кои, според надлежните, маржата нема да смее да биде повисока од 10%.

13.03.2024 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега